Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошта утре доаѓа во Скопје, ќе се разговара за предизвиците со процесот на проширување на Унијата

/

пред 125 дена

Сподели преку :

Петдневна турнеја која стартува денеска од Сараево има претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, низ земјите од Западен Балкан. Тој до 5 јуни ќе престојува во посета на земјите од Западен Балкан, каде ќе оствари средби со регионалните лидери и ќе биде копретседавач на Самитот ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи во Тиват, Црна Гора.

Во фокусот на разговорите ќе бидат можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Унијата, постепената интеграција на регионот, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.

Во вторник, на 2 јуни, Кошта ќе престојува во Тирана, а потоа ќе допатува во Скопје, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. На 3 јуни е предвидена посета на Приштина, додека на 4 јуни ќе престојува во Белград. Регионалната турнеја ќе ја заврши во Црна Гора.

Премиерот Мицкоски во петокот рече дека за време на посетата на Кошта очекува да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграција на државата во Европската Унија од, како што рече, вештачко билатерално барање на една земја членка.

Истакна дека ќе бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и на македонските граѓани.