Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошта во Скопје – средба со Мицкоски, поддршка за ЕУ интеграциите

/

пред 516 дена

Сподели преку :

Претседателот на Советот на Европската унија, Антонио Кошта, денеска престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средби со премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. По разговорите во Владата, најавена е заедничка прес-конференција.

Посетата е дел од регионалната турнеја на Кошта низ Западен Балкан, со цел да се потврди поддршката на ЕУ за проширување и европската перспектива на земјите од регионот. Мицкоски изјави дека ќе ги пренесе јасните ставови на Македонија за уставните измени и изрази надеж за изнаоѓање повеќе решенија во иднина.

Тој ќе го придружува Кошта на летот до Тирана, каде ќе се одржи вечера со лидерите на Западен Балкан, а утре ќе следи состанок на Европската политичка заедница. Посетата на Кошта се смета за силен сигнал на поддршка за евроинтеграциите, а се најавува и посета на полскиот премиер Доналд Туск во наредните месеци.