Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовската полиција пред состанокот Вучиќ-Курти во Брисел: Од вторник ќе почнеме со казни за возила со „нелегални таблички“

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

Косовската полиција, од 22 ноември до 21 јануари, ќе ги казнува сите сопственици на автомобили со српски регистарски таблички од градовите на Косово кои не ги пререгистрирале на косовски таблички. Ваквата вест од Приштина доаѓа во пресрет на утрешната средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел.

Казнувањето, како што беше претходно најавено, требаше да почне од утре, 21 ноември.

Притоа од косовската полиција потсетуваат дека сопствениците на возилата со, како што ги нарекуваат, „нелегални таблички“  од 1 ноември биле опоменувани, со упатство да се јават во Центарот за регистрација на возила. До денеска, како што наведуваат, се изречени 1.740 опомени.

Со одлуката за пререгистрација на возилата од српски на косовски таблички се опфатени ознаките „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“, „ЃА“.