Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Косовските медиуми објавуваат дека напаѓачите се кријат во манастирот Бањска, но од таму тврдат дека во манастирот се заглавени 50-на верници од Нови Сад

/

пред 1105 дена

Сподели преку :

Дел косовски медиуми објавуваат дека напаѓачите кои синоќа убија еден косовски полицаец, а повредија друг, наводно се криеле во Манастирот Бањска. Тие објавуваат и фотографии од манастирот и од Гугл мапс, означувајќи ја неговата локација.

Српскиот портал КоССев.инфо соопштува дека од манастирот им изјавиле дека таму била затекната група од 50 верници од Нови Сад, кои сега се плашат да го напуштат манастирот.

 

Никакви напаѓачи ниту има, ниту имало. Вчера во манастирот пристигна група од 50-на верници од Нови Сад со својот свештеник. Сѐ уште се таму, се е блокирано па не можат да го напуштат манастирот, преплашени се. Околу 2 часот утрото беа разбудени од силни детонации, имаше многу истрели од околните ридови, сѐ се тресеше, изјавиле од манастирот за српскито портал.