Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Костадиновска-Стојчевска: Се работи за тенденциозна постапка, но оставам ОЈО да си ја заврши работата

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Поранешната министерка за култура знаела и била свесна дека претходно склучениот договор за јавна набавка помеѓу Град Скопје и изведувачот на 04.09.2023 година бил со истечен рок за изведба на работите. Но , таа врз основа на новиот договор, по доставени две времени ситуации од страна на  правното лице, му исплатила вкупен износ од над 27 милиони денари, со што му овозможила да се стекне со противправна имотна корист, стои во соопштението од МВР.

Во одговор за Телма, поранешната министерка за култура, вели дека се работи за тенденциозна постапка, но остава ОЈО да си ја заврши работата. И очекува дека Обвинителството ќе ја прибави целокупната документација за случајот.

МВР до ОЈО поднесе кривична пријава за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, од член 353 од КЗ против поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска -Стојчевска. Во соопштението од МВР се вели дека кривичната пријава се однесува на поранешната министерка за култура, која без спроведен тендер за јавна набавка, за избор на најповолен изведувач на работите за реконструкција на Универзална сала, склучила договор со правно лице-изведувач на активностите, на 19 февруари годинава , во вредност од  над 115 милиони денари.  Ова Костадиновска- Стојчевска го сторила по донесената одлука од Советот на Град Скопје и заклучокот од владата, за пренесување на правото за реконструкција на  Универзална сала и по склучениот договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу Град Скопје како сопственик и Министерството за култура како нов инвеститор.

Иако согласно одредбите на Законот за јавни набавки била должна да спроведе нова постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите за довршување на реконструкцијата на објектот, во име на Министерството за култура како наводен нарачател со правно лице од Скопје како изведувач, склучила Договор за преземање и отстапување на права и обврски од договор за јавна набавка на работи во вредност од 115.173.789 денари, согласно кој министерството наводно ги преземало истите права, обврски и вредност од претходно склучениот договор помеѓу Град Скопје и истото тоа правно лице.

Кривичната пријава против Костадиновска- Стојчевска доаѓа по изјавите на актуелниот министер за култура и туризам, Љутков, во кои тој велеше дека примопредавањето на Универзална сала е направено нелегално, преку проблематична постапка.

Сотир Трајков

Кривична пријава за поранешната министерка за култура Костадиновска – Стојчевска за договор во четири очи со правно лице -изведувач на реконструкцијата на Универзална сала