Власта не се грижи за македонскиот јазик, обвини опозициската СДСМ, поднесувајќи ургенција до претседателот на собранието, Африм Гаши за да се овозможи оддржување на надзорната расправа за Законот за употреба на македонскиот јазик.
Ова не е политичка битка – ова е битка за зачувување и унапредување на македонскиот јазик, рече пратеничката и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната прес конференција.











