Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Костадиновски: Пред 34 години е донесен Уставот – наша должност е да му бидеме лојални

/

пред 336 дена

Сподели преку :

По повод одбележување на Денот на Уставот, 34 години од неговото донесување, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски упати честитка до сите граѓани во која ги повика, сите да ја исполнат својата должност кон татковината и да му бидат лојални на Уставот.

  • По повод 17 ноември, денот кога пред 34 години е донесен Уставот на Републиката, ве повикувам да му бидеме лојални на Уставот, тоа е наша должност. Силата на Уставот лежи целосно во посветеноста на секој граѓанин да го штити истиот. Само доколку секој еден од нас ја чувствува таа должност, уставните права ќе бидат заштитени. Изградбата на правната држава денес е чин на врвен патриотизам и љубов кон сопствената татковина. Тоа е најсигурниот начин да го зачуваме заветот на нашите предци и најсигурниот начин да создадеме иднина за нашите наследници. Иднина во слободна, демократска и просперитетна држава. Ве повикувам на овој ден, како генерација да ја исполниме нашата должност кон татковината, порачува д-р Дарко Костадиновски.

Б.С.