Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски: Не трпам директори кои не плаќале струја – ЕВН ги токми новите известувања за исклучување на струјата

/

пред 1410 дена

Сподели преку :

Требаше да добијат опомени пред исклучување, па Владата  да бара одговорност од одредени раководители на институции кои  наталожиле огромни долгови за стурја.  На премиерот Ковачевски сега не му е јасно како  некои толку долго време не ги плаќање фактурите, Најави дека на оние  кои навистина имале оправдани  причини  за тоа и се од  витално значење,  ќе им се плати. Пари најверојанто ќе има и за другите но Ковачевски тврди дека  ќе се бара и одговорност. За овој проблем    денеска министерот за економија ќе има состанок со компании и лица од енерегтскиот сектор.

Министерот  за финансии Бесими   виекднво рече дека ќе се  проверува  буџсетото ставка по ставка за да се види од каде може да се  повлечат пари и  барем да се скуси долгот на Клинички кои изнесува  околу 7 милионио евра и во кои влегуваат и фактури од ГОБ 8 Септември, за да се спаси од мрак. Добил задача да  направи и анализа на секторот за  во иднина да не се повторува оваа пракса, иако владината коалција на СДСМ и ДУИ неколку  години менаџираше со овој сектор и имаше увид во сите пробелми.

Во меѓувреме ЕВН ги токми и новите известувања за исклучување  за   затворите, судовоте , зоолошката градина,  факултетите и други.  Од средината на оваа недела  ќе бидат испорачани  до нив.  Претохдно вакви известувања добија Клинички и Железница, која пак  е на листата на загубари и која должи за струја над 6, 5 милиони евра.

Вкупниод долг пак на државните и јавни инситуции  за струја е над 40 милиони евра и е сериозна закана за енерегтскиот сектор во услови на најголемата енерегтска криза.

Ирена Чачкова