Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски од Рим: Потегот на СПЦ историска вест

/

пред 1594 дена

Сподели преку :

Веста за писмото на СПЦ до Вселенската патријаршија, го затекна премиерот во дворот на црквата Сан Клементе во Рим, каде се наоѓа и гробот на Свети Кирил. По честитките со црковната делегација, која претпладнево одржа молебен за светителот, следеше честитка и до православните верници дома.

Во работниот дел од посетата на Рим, премиерот попладнево се сретна и со својот италијански колега, Марио Драги, кој нагласил дека, преговорите за влез на Македонија во ЕУ треба да завршат со итно отворање. Неизбежен дел од разговорот била и идејата на Макрон за создавање на „втора европска лига„, создадена од држави кои се долго време на европската листа на чекање.

Италија, според премиерот, е важен политички и економски партнер на Македонија, со трговска размена од 738 милиони долари.

Од Рим се јавува Далиборка Демјанска Цветановска