ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието, а не целата опозиција, оценува премиерот Ковачевски.
Тој смета дека тоа го прави од политички причини.
На пратениците им порача да бидат на ниво на одговорноста што ја имаат пред граѓаните зашто во Собранието, посебно сега, рече, треба да се донесат многу важни закони.
Категорично одбива да разговара за предвремени избори.











