Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ковачевски: Стоиме зад слободните убедувања на сите граѓани, очекуваме ист пристап и за бугарските граѓани со македонско самосознание

/

пред 1631 дена

Сподели преку :

Ние како Влада стоиме зад слободните убедувања на сите граѓани, очекуваме ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание, вели премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА на прашањето да го искоментира отворањето на ккубот при културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор. Во Република Северна Македонија е овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања, вели Ковачевски.

Тој пристап, додава премиерот, е нешто зад кое ние како Влада стоиме и ќе продолжиме да го практикуваме и понатаму, бидејќи, вели, тоа е нашиот белег и како држава и како општество.

Воедно и Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања, изјави Ковачевски.Социјалниот дијалог, нагласува министерката, е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија.