МВР под раководство на Спасовски е до толку неспособно што не може да расчисти настан што се случил во центарот на главниот град, каде што постојат голем број на можности за идентификација и лоцирање. МВР раководено од Оливер Спасовски доживува целосно фијаско, вели Драган Ковачки од ВМРО – ДПМНЕ.
Според него, уште пофрапантно е што полицијата предводена од Спасовски не го превенирала настанот, иако неколку дена претходно е најавено убиство на социјалните мрежи на едно од лицата кои се повредени.
Опозицијата бара оставка од Спасовски .











