Нашите мисли, молитви и срца се со семејствата на загинатите, со повредените и со сите кои ја носат оваа незамислива болка. Од срце сме со вас — не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана, со тага и болка се обратија родителите на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“ до семејствата на настраданите и повредените во ноќниот бар во Швајцарија. Семејствата сплотени преку здружението „16 март“ порачаа дека во вакви моменти, единственото што има вистинска вредност е човечноста, солидарноста и подадената рака.
„Со скршено срце ја примивме веста за трагичната несреќа во Швајцарија. Веста нè врати таму каде што болката никогаш не замина — во моментот кога животот засекогаш се подели на „пред“ и „по“. Ние, семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“ – Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот. Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите, кога секој здив е тежок“, вели Здружение „16 март“.
Родителите и очевидците на пожарот во Пулс се подготвуваат за новото судско рочиште на 14 јачнуари, на кое ќе сведочат пет лица, кои таа вечер биле во кафе барот.
Асошиејтед прес се наврати на некои други пожари во ноќни клубови, барови и музички објекти кои во последните 10 години довеле до голем број жртви. Во октомври 2015 година за време на пиротехнички настап на рок-бенд во ноќниот клуб „Колектив“ во романската престолнина Букурешт, усмрти 64 лица и остави околу 190 повредени, наредната година во Калифорнија загинаа 36 лица. Во Јануари 2022 година има два вакви пожари во Ноќен клуб во Соронг, во индонезиската покраина Западна Папуа, изгорел откако две групи се судриле внатре во објектот. Загинаа 19 лица. Во пожарот во Јаунде, главниот град на Камерун, предизвикал експлозии во кои загинале 17 лица. Пожарот во 2023 година во југоисточниот шпански град Мурсија и се проширил на уште два клуба, одзеде 13 животи.
„Во април 2024 година – пожар во ноќниот клуб „Маскерад“ во Истанбул, Турција, зароби работници и вработени додека објектот бил затворен поради реновирање, при што загинаа 29 лица. Клубот се наоѓал на приземјето и во подрумските простории на 16-катна станбена зграда. Во март 2025 година пожар и последователна стампедо-паника во преполниот клуб „Пулс“ во Кочани, Северна Македонија, одзедоа 63 животи, најголемиот дел млади посетители, а повеќе од 200 лица беа повредени. Пожарот бил предизвикан од пиротехнички пламен кој го зафатил покривот на клубот“, пишува Асошиејтед прес.
Во декември лани во пожар во ноќниот клуб на Гоа загинаа 25 лица, меѓу кои работници во кујната и туристи, а почетокот на 2026 година почна трагично и болно за Швајцарија, каде што исто така во ноќен клуб од пиротенички средства се запали и има над 40 жртви и над сто повредени.
Викторија Димитрова Јованова
Дигитална обработка: Т.Д.











