Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кремљ: Договорен е состанок меѓу Путин и Трамп, договорена и локацијата, но за неа подоцна

/

пред 430 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави и Русија договорија состанок меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во наредните денови, изјави претседателскиот советник во Москва, Јуриј Ушаков, јавува руската државна агенција РИА Новости.

„На предлог на американската страна, начелно е постигнат договор за одржување на билатерален состанок на највисоко ниво во наредните денови, односно состанок меѓу претседателите Путин и Трамп“, рече Ушаков.

И локацијата за состанокот е договорена, но ќе биде објавена дополнително, додаде советникот на Путин.

Според Ушаков, специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф ја споделил идејата и за трилатерален состанок меѓу Путин, Трамп и Зеленски, но Москва не одговорила на таквиот предлог.

„Предлагаме, пред сè, да се фокусираме на подготовка на билатерален состанок со Трамп и сметаме дека е најважно тој состанок да биде успешен и конструктивен“, нагласи Ушаков.