Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кремљ го релативизира поразот на Орбан, но губи влијание во ЕУ

/

пред 175 дена

Сподели преку :

Кремљ се обидува да го минимизира изборниот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој по 16 години власт беше поразен од опозицискиот лидер Петер Маѓар.

Според Институт за проучување на војната, Русија со тоа губи важен сојузник во Европската унија, каде Орбан често ги блокираше или ублажуваше одлуките неповолни за Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека нема да ѝ честитаат на Унгарија, нарекувајќи ја „непријателска земја“, додека шефот на дипломатијата Сергеј Лавров порача дека Москва ќе соработува со новата власт ако ги препознае „своите национални интереси“.

Меѓувреме, руски аналитичари и провладини блогери изразуваат загриженост дека Кремљ го губи клучниот партнер во ЕУ, кој досега често ги поддржуваше позициите на Владимир Путин.