Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кремљ: Многу земји сакаат да се приклучат на БРИКС, ние сакаме да се приклучи и Турција

/

пред 870 дена

Сподели преку :

Русија ја поздравува изразената желба  на Турција да стане дел од БРИКС изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.

Песков рече дека има посилен интерес од многу земји за БРИКС, група составена од Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Етиопија, Иран, Египет и Обединетите Арапски Емирати.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во понеделникот ја започна посетата на Пекинг, што е највисока посета на турски функционер на Кина од 2012 година. Фидан разговараше со неговиот кинески колега Ванг Ји.

Запрашан за време на панелот дали Турција сака да се приклучи на БРИКС, Фидан во понеделникот одговори „да се разбира, зошто да не?“.

Турција во последните неколку години е мета на критики од западните држави поради блискоста со Русија.

Западните држави сметаат дека Анкара се одалечува од западот ,но Турција тоа го негира и нагласува дека останува лојална членка на НАТО и би сакала во иднина да биде дел од ЕУ.