Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кремљ тврди дека Западот ќе се умори од поддршката на Киев, шефовите на дипломатиите на ЕУ го порачуваат спротивното

/

пред 1097 дена

Сподели преку :

Кремљ денеска соопшти дека „заморот“ од поддршката на Украина ќе биде се поголем меѓу западните земји, додека министрите за надворешни работи на Европската унија се обидуваат да го докажат спротивното со состанокот во Киев.

Заморот од целосно апсурдната поддршка за режимот во Киев ќе расте во различни земји, особено во Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на руското претседателство, Дмитриј Песков.

Истовремено, тој оцени дека Вашингтон „ќе продолжи да се меша во конфликтот“.

Шефот на француската дипломатија Кетрин Колона, која е на состанокот на европските министри за надворешни работи во Киев, рече дека средбата треба да биде порака до Русија да не смета на „заморот“ на ЕУ.

Таа додаде дека целта на состанокот во Киев е да покаже „дека Украина е дел од европското семејство“.

Колона порача дека Унијата „уште долго ќе биде тука за Украина“.