Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Криминалци на отпуст фатени по полициска потера во Скопје

/

пред 380 дена

Сподели преку :

Двајца осуденици, кои биле на отпуст од затворот Идризово, доцна синоќа беа лишени од слобода откако се обидоа да избегнат полициска контрола во Скопје.

Инцидентот започнал откако осудениците со возило „ренџ ровер“ не застанале на знак за запирање и се дале во бегство по што започнала полициска потера по нив од улицата „Панче Неделковски“ кон обиколницата и регионалниот пат Скопје–Велес.

При обид да бидат запрени, возачот двапати намерно удрил во полициско возило. И покрај предупредувачките истрели од полицијата, бегалците продолжиле да возат сè додека не излетале од патот кај Нова Колонија.

При претрес на возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила. Осомничените се приведени, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

T.Д.