Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривичен во одбрана на судијата Пајазити кој го пушти во домашен пртитвор Блерим Рамадани

/

пред 804 дена

Сподели преку :

Додека политичарите и експертите го критикуваат судијата Пајазит Пајазити за бегството на Косовецот обвинет за воени злосторства Блерим Рамадани, Кривичниот суд одговара со 5 факти во корист на судијата. За бегството по неговата одлука да го пушти Рамадани  во куќен притвор  од Кривичен за одговорност посочуваат кон МВР односно полициската станица што вршела надзор.

Одговори министерот за внатрешени. Кривичниот суд е тој кој определи куќен притвор за странец кој беше уапсен по меѓународна потерница од Интерпол а  во решението иако пишувало дека надзорот се доверува на МВР не било определено на кој начин тоа ќе се врши.

-Согласно досегашната воспоставена пракса, добропозната за Судот, при извршување на мерка “куќен притвор“, полицијата не го обезбедува 24 часа домот каде се извршува мерката, туку повремено, во определени временски интервали, ненајавено го проверува присуството на лицето во неговиот дом. И покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје во повеќе наврати биле вршени проверки изјави Панче Тошковски

Од кривичен тврдат дека 15 те дена кои Рамадани ги минал во ефективен притвор (од 17.07.2024 до 01.08.2024 )  според досегеашната пракса за овие случаи се максималното време кое некој го поминал во екстрадиционен притвор.

Судот аргументира дека  македонскиот судски систем не е директно засегнат за исходот од оваа постапка со оглед  на тоа што Рамадани е косовски државјанин кој го бара Србија  не му се суди во земјава и нема оштетени македонски државјани.

Како идентична  ситуација го посочуваат предметот со  косовецот Томор Морина од 2019  кој  не бил екстрадиран во Србија затоа што делото било сторено во Косово и било во нивна надлежност. Според информациите на Телма за разлика од Рамадани,  Морина не бил во куќен притвор.

Според соопштението од Кривичен, судијата Пајазити кога одлучувал да му определи поблага мерка на Рамадани,  ја имал предвид досегашната пракса во која  идентични случаи завршувале со одлука дека не се исполенти условите за екстрадииција. Во конкрентиот случај таква одлука донел Кривичниот совет во тој суд но допрва конечна одлука треба да донесе врховниот суд  каде предметот го добиле во петок.  Дали има пропусти кај Пајазити ќе пресуди Судскиот совет кој формираше комисија.

Судскиот совет на РСМ може и треба да проверува и утврдува дали судот постапувал согласно законските одредби и праксата на повисоките судови, но апелираме случајот да не се користи за политички препукувања, особено ако јавноста не е запознаена со клучните факти за конкретниот случај, судската пракса и пред се институционалната надлежност изјавија од Кривичен суд

Судскиот совет уште денеска го побарал од Врховен предметот за Рамадани за да направи увид. Ќе бараат и изјава од Пајазити. Најавуваат брзо постапување. Од врховен пак објавија дека предметот веќе го испратиле во републичкото обвинителстото кое треба да даде мислење за екстрадицијата на Рамадани.

Претходно основното обвинителство ја обжалило одлуката на Пајазити да го пушти во куќен притвор Рамадани по што совет од тројца судии во Кривичен одлучиле да го вратат назад во ефективен  притвор. Но истиот ден Рамадани избегал со што се отвори и  дилемата кој му дојавил за судската одлука и зошто бегал ако било извесно дека на крај нема да биде екстрадиран.

Разрешувње на Пајазити  и денеска побараа од ВМРО ДПМНЕ

–Пајазити свесно допуштил да избега Рамадани и за тоа треба да сноси одговорност.На ист начин Пајазити постапи и со Иџет Мемети заменик претседател на Советот на јавни обвинители кој призна дека земал поткуп за да влијае за поблага казна за Боро Малборо. Од авион се гледа дека одлуките на Пајазити се мотивирани, а не според закон изјави Тони Јаревски 

Судски ќе прави увид и во предметите за Иџет Мемети и за Наќе Георгиев чии спогодби со обинителството за условна и три годишна затворска казна ги верификуваше и Кривичниот суд.

Елена Ивановска Мукоска