Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична за 14-годишно момче за пожарот кај Расадник – со уште две деца фрлале петарди со кои запалиле сува трева

/

пред 772 дена

Сподели преку :

Против 14-годишно момче е поднесена кривична пријава за пожарот кај Расадник во скопската Општина Кисела Вода, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР). Тинејџерот се товари за „Предизвикување на општа опасност“, дело што е казниво по член 288 од Кривичниот законик (КЗ).

„На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ. Имено, пријавениот, заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на 03.09.2024 околу 15 часот во местото викано Расадник, на територија на општина Кисела Вода во Скопје, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева и настанал пожар кој зафатил површина од околу три хектари“, информира МВР.