Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична против три лица за предизвикување пожар во викенд куќа во велешко

/

пред 531 дена

Сподели преку :

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(56) од село Ореше, општина Чашка, С.М.(40) и Д.Д.(37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ , информира денеска Министерството за внатрешни работи.

На 10. месецов во СВР Велес било пријавено дека во близина на село Капиново, општина Чашка, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Д.Ј.(32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица немало.

По преземени мерки и активности и спроведена истрага од Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Велес, Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и ОВР Прилеп, било утврдено дека Ѓ.П., С.М. и Д.Д., со патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки дошле во село Капиново, со употреба на сила влегле во викенд куќата и со запалива течност предизвикале пожар од кој целосно била зафатена куќата.

Ѓ.П. и Д.Д. на 16.05.2025 се лишени од слобода и задржани во полициска станица, а се преземаат мерки за пронаоѓање на С.М.