Полицијата поднесе кривична пријава за штипјанец за кој се сомнева дека отрул две кучиња, а уште едно усмртил со автомобил.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против С.К.(72) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убивање и мачење животни“.
„На 14.04.2025 во с. Долно Трогерци, штипско, пријавениот во два наврати фрлил храна со отров, од што биле отруени две кучиња во сопственост на Т.С.“ стои во соопштението на МВР.











