Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривична за тројца вработени во ЈСП Скопје, го оштетиле Буџетот на компанијата за над 28 милиони денари

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353, став 1 а вв, член 45 од КЗ и кривично дело „затајување“ по чл. 239 став 3 а вв член 45 од К.З. на Република Северна Македонија. Тие, како што се наведува во соопштението на Финансиска, го оштетиле Буџетот на ЈСП Скопје за 28,065.476,00 милиони денари.

„Во периодот од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења во сметководствената евиденција без поткрепа на сметководствени документи, неправилно внеле почетни состојби во сметководствената евиденција и не извршиле усогласување на аналитичката со синтетичката евиденција на приходите и расходите согласно утврден контен план. Паричните средства кои им биле доверени од остварениот дневен промет, ги предале во помал износ во правниот субјект со цел истите да ги присвојат за себе, на начин што го оштетиле буџетот на ЈСП Скопје за вкупен износ од 28,065.476,00 милиони денари“, се вели во дописот на Управата за Финансиска полиција.