Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривичната пријава од МВР е политичка смета градоначалникот на Карпош Јакимовски

/

пред 756 дена

Сподели преку :

Кривичната пријава од МВР е политичка а целата постапка за легализација на тениските игралишта е спроведена според законските прописи, смета градоиначалникот на Карпош Јакимовски . Тој денска на брифинг со новинарите објаснуваше дека тениските игралишта не се ниту државни ниту времени објекти покажувајки одобренија за нивна градба од 1999 година и нивното легализирање не било спорно. 

По кривичната  пријава од МВР дека ја злоупотребил службената положба со уште  5 мина вработени во општината градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски вели дека легализацијата на тениските игралишта кај хотелот Александар Палас е законска  а тој треба да објаснува дека воздухот е безбоен. Смета дека случајот има политичка позадина во пресрет на локалните изброи.

Според Јакимовски,  Алекдандар Палас бил сопственик на спортските терени без запишани права во Катастарот од пред речиси 3 децении затоа што тогаш ваквите објекти тогаш не се запишувале во катастар. Затоа го искориситле законот за леглаизација од 2016 и општината од тоа добила 170 илјади евра. Објснуваше и дека тениските игралишта не се времени објекти.

Градоначалникот на Карпош му одговри и на министеорт за транспрот Николовски кој најави дека нема да потпише ниту еден ДУП за домување додека Јакимовски е на чело на општината.

Според кривичната пријава од МВР Јакимовски потпишал урбанистичка согланост за легализирање  тениските игралишта иако  Законот за градење и Законот за за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти иако не можеле да бидат легализирани  . Со тоа на фирмата сопствник на терените и овозможиле да се стекне со  имотна корист од над  два милиони евра.

Елена Ивановска Мукоска