Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривични пријави против четири малолетници и пет родители за нападот врз 12-годишното девојче во Аеродром

/

пред 85 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е целосно расчистен случајот со физичкиот напад врз 12-годишно девојче, кој се случи на 30 јуни во парк во скопската општина Аеродром.

„СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 година, кога во парк во општина Аеродром 12-годишно девојче беше физички нападнато од малолетнички, додека други присутни малолетници го снимале настанот со мобилни телефони“, соопшти МВР.

Од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево, во содејство со Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава против четири малолетници.

Две малолетнички се пријавени за кривичното дело „насилство“, еден малолетник се товари за „поттикнување“ во врска со насилството и за „неовластено снимање“, додека против уште еден малолетник е поднесена пријава за „неовластено снимање“.

Покрај нив, кривична пријава е поднесена и против пет родители – И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А., поради сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појави видеоснимка од нападот, на која се гледа како малолетното девојче е физички нападнато, додека дел од присутните го снимаат настанот наместо да интервенираат.