Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крстевски: Одговорност кон семејствата кои имаат најголеми загуби и процес на департизација на институциите

/

пред 372 дена

Сподели преку :

Венко Крстевски, кандидат за градоначалник на Кочани од Група Избирачи вечерва истакна дека клучен и најважен процес и пред се е одговорност кон семејствата кои имаат најголеми загуби, тоа е процесот на департизација на институциите со цел да се изградат професионални институции кои што ќе бидат сервис на граѓаните.

  • За жал повеќе од три децении ние гледаме група партизација на тие институции и самата таа партизација создава нефункционални институции и тие создаваат хаос насекаде. Процесот на департизација е неопходен и аспект на да се растоварат сите наши сограѓани, пред се тие кои членуваат во политичките партии, па и оние кои не членуваат и тоа да не биде приоритет во разговорите во нашето општество која ќе се оди на имендени и родендени, туку да се разговара за идеи и проекти. Кочани има квалитетни луѓе меѓутоа да дојдат до израз тие квалитетни луѓе потребно е да се направи една департизација. Нашата програма е поделена во два дела, првиот дел е општина без кал  којшто ќе биде реализиран до 2026 година. Морам да потенцирам дека јас како веде градоначалник потпишав договори во висина од над 500 милиони денари којшто се капитални инвестиции за Општина Кочани, дел се реализираат тековно, дел ќе се реализираат до 2026 година ќе се реализираат, а вториот дел од програмата ни е за сите четири години каде што се опфатени сите инфраструктурни капитални проекти, рече Крстевски.

Б.С.