Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крстиновска: Србија и БиХ вешто го искористија наследството од Југославија и произвeдуваат поголем капацитет на оружје

/

пред 517 дена

Сподели преку :

Различни држави во регионот имаат различни односи, различна амбиција да станат дел од Европската Унија. Исто така имаат и различна внатрешна ситуација, односно различно ниво на потенцијал да се вклучат текови или да искористат, смета Ана Крстиновска, претседателка на Естима, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Да ги земеме на пример Србија и Босна и Херцеговина. Од почетокот на војната во Украина, во тие две држави се бележи значителен напредок, раст и развој во поглед на наменската индустрија, одбранбената индустрија. Знаеме дека тие држави, впрочем како и ние, имаат некое наследство од Југославија, меѓутоа многу вешто успеа да го мобилизираат, да ја искористат постојната инфраструктура, постојните фабрики за да почнат да произведуваат поголем капацитет оружје, да ги диверзифицираат производите и да започнат да извезуваат во Украина. Конкретно за Србија, бројките се 800 милиони евра извоз во Украина од почетокот на војната до минатата година“, истакна Крстиновска.

Според неа, и Албанија и Косово прават напори да ги ревитализираат сопствените одбранбени индустрии.