Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крузерот „Хондиус“ дезинфициран – холандските власти одобрија повторно да исплови

/

пред 126 дена

Сподели преку :

Крузерот „Хондиус“, на кој избувна епидемијата на хантавирус, доби одобрение од холандските здравствени власти повторно да исплови по операцијата за чистење и дезинфекција, објавија холандските медиуми.

„Од гледна точка на јавното здравје, повеќе нема никакви пречки „Хондиус“ повторно да исплови на море“, соопшти Агенцијата за јавно здравје во холандското пристаниште Ротердам, по завршната инспекција.

Во соопштението се додава дека за време на проверките, експертите за контрола на инфекции утврдиле дека бродот бил ефикасно исчистен и дека дезинфекцијата била извршена во согласност со утврдените упатства, објави „Стрејт тајмс“.