Возач на автобус во Мајами извадил пиштол и почнал да пука врз патниците при што уби две лица.
Полицајците одговориле на итен повик околу 3 часот по полноќ по локално време.
Инспекторите соопштија дека на инцидентот му претходела расправија на возачот на автобусот со дел од патниците кои биле во возилото.
За време на конфронтацијата, возачот извадил пиштол и застрелал двајца патници, од кои двајцата со хеликоптер биле пренесени во болница во критична состојба.
Подоцна и двајцата им подлегнале на повредите, соопшти полицијата.
Полицајците го приведоа возачот на автобусот додека трае истрагата за пукањето.
🚨 Bus driver opens fire killing two passengers in Miami pic.twitter.com/ZtyRJMJBC5
— FloridaTropics (@TropicsFlorida) March 30, 2025











