Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кржаловски: Антикорупциска борба не се мери со прес соопштенија и партиски ставови, туку со број на обвиненија, број на пресуди и конфискација на имот

/

пред 278 дена

Сподели преку :

Вештачката интелигенција, исто како природната, вели дека антикорупциската борба не се мери со бројна прес соопштенија и партиски ставови, туку со број на обвиненија, со број на пресуди и со конфискација на имот, изјави Александар Кржаловски, директор на МЦМС, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Кај за жал има голема дискрепанца меѓу ние. Ние во декември го објавивме редовниот извештај за корупцијата во Македонија, кој го правиме на секои две години, и за жал, најголем дел, да не речам скоро сите параметри, се влошени. Коруптивниот притисок, односно на прашањето „дали ви е побарано мито?“, е зголемен од 31 на 36 отсто само во овие две години. И бројот на оние кои дале мито е исто така зголемен од 25 на 31 отсто, односно најголем дел од оние на кои им е побарано, навистина дале. Она што е пострашно е зголемена и прифатливоста, за завршување на мали работи. Граѓаните гледале дека инаку не се завршувале работите. Она што е интересно и неочекувано за мене е на прашањето „кој може да се спарви со корупцијата?“, довербата во ДКСК е останата иста (31 отсто). Минатиот пат МВР водеше пред ДКСК со 33 отсто, но МВР сега стигна на 50 отсто доверба, а целата влада од 22 на над 40 отсто доверба дека може да се справат со корупцијата“, наведе Кржаловски дел од наодите во последниот извештај на МЦМС за корупцијата во Македонија.

С.Д.