Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КСОМ бара донесување на измените на Законот за работни односи и повисоки плати за работниците

/

пред 702 дена

Сподели преку :

Продолжува социјалниот дијалог на релација синдикати – влада. На денешниот состанок на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, присуствуваа заменикот министер за социјална политика, демографија и млади и заменикот министер за економија и труд. Состанокот се одржа на првиот ден од ноември, во кој што ресорот труд од социјална политика ќе премине во економија. Од страна на КСОМ беа побарани повисоки плати, откако веќе се зголемија во образованието, а се најавува дека ќе пораснат и во здравството. И усвојување на измените на Законот за работни односи , за да престане бескрајното времено вработување на работниците, особено во приватниот сектор, кажа претседателот на КСОМ.

  • Ги слушаме работодавачите секојдневно кажуваат немаат работници, си заминуваат . Како ќе има работници ако работникот  кога се запослува, особено зборувам за приватниот сектор , се запослуваат со времени вработувања  на 3 месеци, на 6 месеци, на година дена? Тоа оди до бескрај. И таквиот работник не се чувствува слободен, не се чувствува сигурен. И мора под итно  да се смени  тој дел од Законот за работни односи , каде што максимум 6 месеци  до година дена нека бидат тие времени вработувања, рече Марјан Ристески, претседател на КСОМ.
  • Заземаме став , буквално сите вакви проблеми да бидат решени. Секако, за сѐ треба време и простор , бидејќи ниту имаме магично стапче , ниту можеме сѐ преку ноќ да решиме, кажа Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.
  • Надлежноста труд од месец ноември преминува во наша надлежност. И она што го ветивме претходно, пред да ја земеме надлежноста , ќе продолжиме и понатаму да го реализираме . А, тоа е транспарентност, транспарентно работење, еден социјален дијалог на високо ниво со синдикатите во Македонија , со работодавачите, со стопанските комори . И градење на едни реални политики , на реална основа, со реални економски параметри кои што ќе дадат одличен резултат во иднина, кажа Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.