Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кубанскиот претседател му возврати на Трамп: Ќе се соочите со „непоколеблив отпор“

/

пред 202 дена

Сподели преку :

Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел остро реагираше на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можно преземање на контролата врз Куба.

Дијас-Канел посочи дека САД ќе се соочат со „непоколеблив отпор“ доколку се обидат да ја преземат земјата.

Во објава на платформата „Икс“ кубанскиот претседател наведе дека САД речиси секојдневно јавно се закануваат со насилно уривање на уставното уредување на Куба.

„Тоа е единствениот начин да се објасни жестината на економска војна како колективна казна против целиот народ“, напиша тој.

Трамп во понеделникот пред новинарите рече дека „ќе има чест да ја преземе Куба“.

-Верувам дека ќе има чест да ја преземам Куба. Тоа би било добро. Тоа е голема чест“, рече тој при потпишување извршна наредба во Белата куќа.