Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кујната во Државниот студентски дом „Тетово“ нема вентилација – Храната се набавува од фирма

/

пред 414 дена

Сподели преку :

Oва е Државниот студентски дом „Тетово“ за кој се потрошени 3,5 милиони евра од буџетот, но со кујна за која ревизори утврдија дека е направена без вентилација па сега не се користи. Иако екипата на Телма влезе во објектот, раководството денес не дозволи да ја снимаме внатрешноста и самата кујна, па за сите прашања не препратија бараме одговори од Министерството за образование.

Во разговор посочија дека снабдувањето со храна е преку приватна фирма, но студентите сè уште не се пристигнати за да ги анкетираме за тоа дали се задоволни од услугата.

Министерката Весна Јаневска денес одговори дека се решаваат наследени проблеми, но не посочи дали ќе се бара одговорност за овие пропусти.

Во однос на студентскиот дом во Тетово има неколку сериозни проблеми, но ние тргнавме откако го добивме, не беше објавен јавно, но ние го добивме ревизорскиот извештај,  јас им благодарам. За сите забелешки што ги најдоа 90 проценти од тоа што најдоа што можеше да се реши досега се реши, но има и потешки случаи кои изискуваат време, изјави министерката.

Овој објект беше пуштен во употреба од техничката влада во февруари 2024 година.

Државниот студентски дом „Тетово” во Тетово изграден со буџетски средства е пуштен во употреба без извршен технички преглед на градбата и без одобрение за употреба на објектот.

Исто така,  набавената опрема за кујната во домот поради не изведената вентилација не е ставена во употреба, што значи дека и покрај вложените средства, дел од објектот не може функционално да се користи за намената за која е предвиден, соопшти вчера Државниот завод за ревизија.

Јаневска вели дека иако има кујна законски било возможмо да се плаќа приватна фирма за обезбедувањето храна за студентите. Таа практика ќе продолжи.

Како што ме информираат инженерите, но и државната ревизија во кујната нема вентилација. Сега е тоа многу сериозен градежен проблем и јас не верувам дека ќе може да се реши на брзо што значи дека директорот на домот ќе мора и понатаму аутсорсинг да набавува храна што не е забрането со закон со економски оператор, рече министерката.

Со ревизијата Министерството, заводот изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи.

Александар Самарџиев