Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството бара куќен притвор за битолската докторка осомничена за примање поткуп

/

пред 464 дена

Сподели преку :

Осомничената, докторка – офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие кое што секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на катаракта кај сопругата на пријавителот.

  • На 16 јули, таа го повикала пријавителот на одделението за офталмологија во болницата за да ги земе парите и да закажат операцијa. Тој и дал една банкнота од 100 евра која претходно била обележана, па веднаш откако осомничената ги примила парите полициски службеници извршиле претрес и кај неа ги пронашле парите, соопштија од обвинителството.

Ценејќи ги сите околности во предметот и законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената.

Уапсена позната очна битолска докторка поради примање поткуп- втор ваков случај од почетокот на годинава