Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во МКЦ вечерва доделување на книжевната награда „ Пегаз“

/

пред 1647 дена

Сподели преку :

Kнижевната награда „Пегаз“ за 2021 година, за најдобар необјавен роман ќе му биде доделена вечерва во МКЦ на Александар Русјаков, за книгата „Хотел меѓу две војни“.

На конкурсот за наградата „Пегаз“ за минатата година пристигнале 44 ракописи, а во најтесниот избор биле и  романите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен дел во висина од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција.

На доделувањето на наградата ќе се обрати жири комисијата во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски, Фросина Пармаковска и Бисера Бендевска, а првонаградениот роман ќе го промовира литературната критичарка Оливера Ќорвезироска.

Книжевната награда „Пегаз“ ќе биде доделена по трет пат, а настанот го организира издавачката куќа  „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.