Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна првото издание на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“

/

пред 2262 дена

Сподели преку :

Со почитување на сите здравствени протоколи започна првото издание на дводневниот џез фестивал „Крај Вардарот џез“ посветен на домашната џез сцена. Во време во кое музичките настани во најголем дел се откажуваат поради пандемијата со Ковид 19  седум македонски џез состави ја освојуваат „новата нормалност“.

Во рамките на дводневниот џез фестивал кој се одржува на отворено во паркот зад Младинскиот културен центар ќе настапат уметници кои се творци на квалитетна и разнолика музика, велат организаторите, чии 14 албуми се издадени за ПМЏ џез.

Фестивалот има за цел  да ја истакне заложбата за зајакнување на позицијата на автохтоната музика и се разбира култура, плејадата нови македонски состави, кои имаат храброст и музичко знаење да дадат инакво гледање на џезот, вели Мирко Попов.

Нина Стефанова