Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Матине-концерт „ Трпчески и пријателите “ во Вигмор Хол

/

пред 1677 дена

Сподели преку :

Нашиот пијанист од светски глас, Симон Трпчески денеска во 14 часот по средноевропско време ќе настапи во Лондон, во салата Вигмор Хол. Се работи за матине- концерт , насловено „ Трпчески и пријателите“. Тој ќе го дели подиумот со Ѓорги Димчевски- виолина; Сорин Спациновичи- виола; Александар Сомов- виолончело; Хидан Мамудов- кларинет и Влатко Нушев- ударни инструменти. На програмата се дела од Брамс, Гијом Конесон и Панде Шахов.
Во веб најавата на Вигмор Хол за ова матине-концерт се вели дека група меѓународни музичари кои претходно работеа заедно на проектот „ Македонисимо“, кој веќе го искуси публиката овде во „Вигмор“ , донесе класично дело за пијано квартет, плус две необични дела: квинтет од Британецот и од македонскиот композитор Панде Шахов, роден во Скопје 1973 година и аранжман на парче од францускиот композитор Гијом Конесон, роден во Париз во 1970 година.

Концертот ќе се пренесува во живо на веб-страницата на Вигмор Хол, а видеото ќе биде достапно 90 дена по емитувањето.

 Симон Трпески на крајот на март ќе го промовира првиот самостоен компакт-диск, снимен за познатата британска етикета „Лин рекордс“. На овој носач на звук тој ќе се претстави со дела од Брамс, Бетовен и Моцарт.