Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата зграда на институцијата за ревизија во Подгорица ќе се гради според решение на македонски архитекти

/

пред 1673 дена

Сподели преку :

Македонскиот тим архитекти Александар Симјановски, Христијан Ивановски и Викторија Богданова, освоија прво место на меѓународниот конкурс за идејно- архитектонско решение за новата државна институција за ревизија во Подгорица- Црна Гора.Награденото решение носи наслов „ Трепетлика“.

Архитектонското решение на Трепетлика ги гради своите три принципи – Транспарентност, Строгост, Едноставност – врз постојните вредности кои ги препознавме во архитектонскиот јазик на градот Подгорица, се вели во описот на решението.

Покриените променади и пластично истакнатите ритмични брисолеи на Лицето на архитектонските зданија, ги прочитавме на

  • Плоштадот на Независноста, Централната Банка, Музичкиот центар во поширокиот контекст, и
  • Академијата на Науките и Уметностите и Вила Горица во поблиската околина на локацијата.

Покриените променади и пластично истакнатите ритмични брисолеи ги присвоивме и ги интегриравме во Трепетлика со еден материјален пристап кој е полесен од постојната бетонска тенденција: преплетување на повторливоста на елегантните бели структури и транспарентноста на стаклените “oчи-прозорци” на зградата, чија поставеност овозможува:

  1. огледување на зелената околина
  2. јужно отварање (ориентација) кон амфитеатралниот пејсаж над реката Рибница
  3. северо-источно отварање и поглед кон зеленото возвишување Горица.

Изборот на Трепетлика како дрво чии лисја треперат и на најблагото ветре, се должи и на нејзината вертикална издолженост и белината на нејзиното стебло. Повторливоста на повеќе дрва Трепетлики околу објектот Трепетлика прави да просторот на и пред Ревизорската Зграда и триаголниот парк се доживеат како волумен со единствен конитнуиран бел јазик, со нежна поинаквост од останатите предвидени дрвореди на улиците „Херцеговачка“ и „Пролетерске Бригаде“.

Повторливоста на повеќе дрва Трепетлики ги нагласува 4-те зачувани Дрвја и ја слави нивната поинаквост. Посебноста и возраста на 4-те зачувани Дрвја се лесно претпознатливи кога се согледуваат разликите во треперење на нивните листови, во споредба со новозасадените Трепетлики, се вели во описот на решението.