Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Овации и три биса за Трпчески и Венгеров на концертот во Њујорк

/

пред 1713 дена

Сподели преку :

По успешниот концерт во Лондон, нашиот пијанист од светски глас- Симон Трпчески и истакнатиот руски виолинист Максим Венгеров, ја освоија публиката на настапот во салата Карнеги Хол, во Њујорк. Концертот беше испратен од публиката со стоечки овации, а двајцата музичари три пати се вратија на бис, продолжувајќи го заедничкиот настап, на општа радост на присутните.

Трпчески и Венгеров ја продолжуваат турнејата со настап в четврток на сцената на Париската филхармонија. Тие за прв пат заедно настапија лани близу Брисел, на фестивалот „ Музика мунди“.