Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Отворена изложбата „Македонски пејсажи“ во галеријата КО-РА

/

пред 2285 дена

Сподели преку :

Со запазени мерки на превенција од пандемијата со корона вирусот, во галеријата „ Ко-Ра“ беше отворена изложбата „ Македонски пејсажи“, од уметницата Марија Светиева- Ергас.  Изложбата е поставена во двата салона на „Ко-Ра“ и ги одразува неодминливите убавини на македонскиот пејсаж, кој ги здружува  и овоплотува рефлексиите на кутурно-историското минато, кое оставило трага во бројните паметници на времето, рече Виолета Калиќ, отворајќи ја изложбата. Таа ги истакна фрагментите на руралната и урбаната архитектура кои се појдовна инспирација за овој циклус дела на м-р Марија Светиева.

Светиева е активно присутна  во ликовната сфера во земјава и надвор. Учествувала во бројни проекти кои се реализирани како во просторот на „КО-РА“, така и надвор во  САД-Вашингтон, Отава-Канада, во Малме -Шведска, како и во Хрватска и Црна Гора.

Марија Светиева е уметница со препознатлив сензибилитет кој ги транскрибира  доживувањата на автентичните предели на осоговските планини, водопадите Дуф,  Колешинските водопади, охридското и преспанско крајбрежје. Со воздушеста леснотија ги преточува во поетски воспеана експресија,  со изобилство на  пигменти  од широката колоритна скала,  која  трепери под светлината и плени под избликот сончевина,  распостелана во сите созвучја над пределите низ Р.С.Македонија”, дополни Виолета Калиќ, по повод отворањето на изложбата. Изложбата е поддржана од Град Скопје. Дизајнот на каталозите за изложбата, на постерите и сите рекламни материјали е на Виктор Бранѓолица, млад дизајнер, кој заврши трета година графички дизајн, на Европскиот Универзитет во Скопје, Р.С.Македонија.

Во „ Ко-Ра“, како и во галериите при МКЦ и КИЦ, од средината на мај наваму се одржуваат изложби и други културни настани.