Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради лојалност кон Путин диригентот Гергиев отпуштен од Минхенската филхармонија

/

пред 1683 дена

Сподели преку :

Истакнатиот руски диригент, Валери Гергиев, од денеска повеќе не е главен диригент на Минхенската филхармонија. Тој е отпуштен од функцијата откако не одговори на барањата на оркестарот да се огради од руската инвазија на Украина.

– Јасен сигнал до оркестарот, неговата публика и градските политичари би бил неопходен за да можат да работат заедно. Бидејќи тоа не се случи, единствената работа што останува е итна разделба, кажа градоначалникот на Минхен, Дитер Ритер.

Маестро Гергиев не зборуваше јавно за војната меѓу Украина и Русија, но важи за лојален поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин. Гергиев, кој од 2015 година беше главен диригент на Филхармонијата во Минхен, во минатото ја поддржуваше нелегалната руска анексија на Кримскиот полуостров од Украина, но и руските закони со кои се ограничуваат правата на ЛГБТИ+ заедницата.

Валери Гергиев исто така е исфрлен од претстојните концерти на Филхармонијата во Париз, Филхармонијата во Виена, Карнеги хол во Њујорк и од шкотскиот Меѓународен фестивал.