Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиера во Драмски на последниот текст на Душан Ковачевиќ

/

пред 2152 дена

Сподели преку :

На големата сцена на Драмски театар-Скопје, утре попладне ќе се одржи македонската премиера на последниот текст на српскиот автор Душан Ковачевиќ, насловен „ Хипноза на една љубов“. Режијата ја потпишува Димче Николовски.

Текстот  би можел да се нарече бајковито, тажна, магична комедија.  Сите ликови во овој текст на Душан Ковачевиќ се добри , поточно добронамерни. Тој дел ја прави приказната бајка. Тагата која ја носат ликовите е од нивната осаменост затоа што нивните деца си заминуваат од своите домови и одат во туѓина. Тоа што овој текст го прави голем е начинот на кој авторот ја пренесува болката така што слушателот и гледачот го тера да се насмее. Магија, вели директорката на Драмски , Катарина Коцевска Хаџи Василева, во соопштението до медиумите.

Во претставата настапуваат актерите: Драган Спасов, Маја Вељковиќ Пановска, Соња Стамболжиоска, Ѓокица Лукаревски, Димитрије Доксевски и Филип Трајковиќ. Сценограф е Тодор Дајевски, костимографијата е на Раде Василев, автор на музиката е Александар Митевски, а за визуелните ефекти се погрижи Милчо Узунов.

Премиерата ќе започне во 17 и 30 часот, поради препораката на властите да не се излегува без потреба по 21 часот, поради пандемијата со Ковид- 19.