Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Промоција на уметничка книга и инсталација од Доротеј Нешовски во Јадро

/

пред 1713 дена

Сподели преку :

Во КСП Центар – Јадро утре вечер ќе се одржи промоција на уметничката книга „Anything outside of art is a waste of time”, – „Секоја работа надвор од уметноста е губење време“, на уметникот Доротеј Нешовски. А, претпладне од 11 до 21 часот навечер, посетителите ќе може да ја видат и неговата просторна инсталација, специјално направена за оваа прилика.
– Цртежите претставени во новата уметничка книга на Нешовски, во издание на КСП Центар-Јадро, се осврнуаат на прашањата и мислите со кои уметникот се соочува во општеството, а кое е поставено на начелата со дадени егзистенции на мисла и состојба, се вели во најавата на ФБ страницата на КСП Центар-Јадро.
Поголемиот дел од циклусот на цртежи претставени во книгата, Нешоски го создавал додека работел на штанд на Лотарија во еден скопски шопинг мол. Како подлога за неговите секојдневни записи, мисли и брзи крокија, тој користел хартии од искористени игри на среќа, како и други флаери и пропагандни материјали, пласирани од разни корпорации.
–  Овие цртежи се дел на стејтменот на личноста, изразена низ форми на медиум во кои се гради структурата на мојот визуелен јазик преку кој правам обид да ги разоткриам противречностите на современото општество. Во голема мера сакав да размислувам и да рефлектирам на позицијата на уметникот во општеството, предизвикот да се занимава со својата професија, но и борбата за егзистенција која не приморува да правиме бројни компромиси. Дали ние во нашето општество се трудиме да ги разрешиме проблемите со коишто се соочуваме или се наоѓаме во ситуација на постојан status quo, прашува Нешовски.