Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Танчерките на Дионис од вечерва на увид на јавноста во МАНУ

/

пред 1680 дена

Сподели преку :

Во галеријата на МАНУ вечерва ќе биде отворена изложба на скулпторот Анѓел Димовски-Чауш, насловена „ Танчерките на Дионис“. Изложбата вклучува 60 дела во различни медиуми, како што се скулптури, цртежи и објекти. Делата се изработени во различни материјали : дрво, алуминиум, бронза и мермер.

Поставката го прикажува севкупното пет децениско творештво на Чауш,. Но, има и дела изработени во последните  години, кои јавноста не ги видела зашто до сега не биле изложувани.

Изложбата ќе ја отвори академик Васко Ташковски , а таа ќе биде достапна за посетителите до крајот на март.