Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тозија се избори нашата кинематографија да биде прифатена во светот

/

пред 1724 дена

Сподели преку :

Агенцијата за филм со длабоко жалење соопштува дека почина поранешниот директор на Агенцијата Горјан Тозија. На семејството и на блиските им изразуваме искрено сочувство, се вели во соопштението од Агенцијата.

  • Она што Горјан Тозија го остави како наследство е тоа што македонската кинематографија успеа да се избори да биде прифатена рамо до рамо со сите европски кинематографии. Се бореше за филмскиот работник и за македонскиот филм како никој до сега” – изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм

Горјан Тозија почина утрово на 68 години. Беше директор на Агенцијата за филм, во време кога македонскиот филм забележа најголем успех, директор на Вардар Филм, претседател на ДФРМ, продуцент на домашни и странски филмови: „Ослободувањето на Скопје“ (2016) „Трето полувреме“ (2012), „Ливада“ (1998), „Џипси Меџик“ (1997), „Преку езерото“ (1997), „Пред дождот“ кој добива номинација за Оскар во 1994, „Undercover“ (1991), „Sidney Sheldon’s Memories of Midnight“ (1991), „The Forgotten“ (1989), „A time of destiny“ (1988).

Во својата кариера Тозија работeл на повеќе од 50 филмски и ТВ проекти.