- Сликам како џез музичар,“ . Јас сум сликар кој често патува и сонува низ светот, вкрстувајќи ги четките и насочувајќи ги своите потези кон сонцето. Светот е моето ателје. Мојата творечка припадност е стилот на постекспресионизмот, а тоа е бесконечна слобода на изразувањето. Звукот е мојот партнер при создавањето. Особено џезот; оти јас кога сликам, импровизирам – не случајно велам дека сликам како џез музичар, вели сликарот Андреевски.
Творештвото на Сергеј Андреевски се движи во границите на постекспресионизмот, а импровизацијата и слободата на изразувањето се едни од главните одлики на џез музиката. Па, вкрстувањето на овие сродни сензибилитети неминовно ќе вроди со плод, стои во соопштението од НЏО











