Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Разговор со писателот Кујунџиски во рамките на кампањата „ Читаме современи македонски автори“

/

пред 1494 дена

Сподели преку :

Во спомен-собата на Браќата Миладиновци при скопската Градска библиотека што го носи нивното име, вечерва во 19 часот ќе се одржи разговор со Жарко Кујунџиски, автор на романот „Сфинга на гневот“, која е книга на месецот во библиотеката.

Романот „Сфинга на гневот“, е национален кандидат за престижната меѓународна награда „Балканика“, за 2021 година. Разговорот со Кујунџиски ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од романот ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

„Станува збор за интригантен и вешто смислен роман, жанровски и стилски палимпсест, со кој Кујунџиски пристапува во досега неистражени предели на нашата проза. Книгата, во издание на „Антолог“ се движи меѓу границите на мистеријата и книжевниот трилер и досега има две изданија“, се вели во дописот од библиотеката „ Браќа Миладиновци“.

Разговорот и книгата на месецот се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“, што библиотеката „ Браќа Миладиновци“, ја започна на први септември, а ќе трае до јуни следната година.