Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„ Роња, ќерката на ограбувачот“ освои нови три награди на МКФ во Подгорица

/

пред 1128 дена

Сподели преку :

Најнаградуванaта претстава во поновата историја на Театарот за деца и младинци „Роња, ќерката на ограбувачот“, повторно се закити со најпрестижни награди. Претставата освои три награди на
Меѓународниот куклен фестивал во Подгорица, Црна Гора, што се одржа од 31.08 до 04.09.2023
година.
Жири комисијата предводена од драматургот и режисер Горан Булаиќ, заедно со Алек Радиќ и
Владимир Лазовски – членови, на „Роња, ќерката на ограбувачот“ и ги додели наградите: Гран
при за најдобра претстава, награда за најдобра режија и награда за актерско мајсторство за
Матеа Јанковска.

Режијата и драматизацијата на претставата се на Јакуб Максимов, а е работена според
истоимениот роман на Астрид Линдгрен.Премиерата на претставата беше лани во декември.