Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со концерт на камерниот оркестар Ба-Рок започнуваат Есенските музички свечености

/

пред 1431 дена

Сподели преку :

Годинашново издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“, свечено ќе биде отворено утре вечер со концерт на камерниот оркестар „ Ба- Рок“, во 20 и 30 часот, во фоајето на Националната опера и балет.
На концертот ќе бидат изведени дела од Хендел, Вивалди и Рамеу.

Камерниот оркестар  „БА- РОК“ својот прв настап го имаше на „ Мајските оперски вечери “, минатата година. во продукција на Национална Опера и Балет

Во оркестарот членуваат: Климент Тодоровски и Јане Бакевски- виолини, Марија Георгиева –виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Марија Јакимовска – флејта или пиколо, Татјана Петрушевска, Ѓорѓи Петрушевски – обои, Марјан Милошевски – фагот и Теодор Теодосиевски – ударалки. А, солисти се: Биљана Јосифов – сопран, Николина Јаневска – мецосопран и Драган Ампов – баритон. Диригент и чембалист во оркестарот е Иван Еминовиќ. 

Режисер на концертот е Љупка Јакимовска.