Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентите на Родољуб Анастасов најмногу ја ценат слободата што им ја давал како професор

/

пред 587 дена

Сподели преку :

Студентите на Родољуб Анастасов најмногу ја ценат слободата што им ја давал како професор, за да се развиваат во правецот што го одбрале. Ова го кажа Јасминка Намичева, една од кураторите на изложбата „ Сите деца на Родољуб Анастасов“, која вечерва ќе биде отворена во Музејот на град Скопје. Со неа, 43 поранешни студенти на Анастасов, денес докажани визуелни уметници, кои изучувале сликарство кај  него на Факултетот за ликовни уметности, меѓу 1980 и 2000 година, преку постари, но и нови дела, ќе го прослават 90 роденден на нивниот строг, но праведен професор, со високи вредности, вели Намичева.

  • Таа слобода што им ја давал уште за време на студиите, е она што тие најмногу го ценат, вели Јасминка Намичева, кокуратор на изложбата.

Фрескосликарство, масло на платно, пастел, мозаик, акварел, но и други техники, го сочинуваат збирот од слободно избраните дела за изложбата, реализирани на различни теми, од поранешните студенти на Анастасов.

  • Тие по слободен избор , како што и Анастасов впрочем им дозволувал слободно да се развиваат, носеа и пријавуваа дела. Поготово што се однесуваше на тоа дека секој треба само по едно дело да направи, вели кокураторот Намичева.

Куриозитет на изложбата  се делата „ Мајка со дете “ и „ Татко со дете“, кои што Анастасов ги насликал 1958 и 1959 година, а јавноста ќе ги види за прв пат.

Родољуб Анастасов е професор од првата генерација професори на ФЛУ во Скопје и еден од 1450  светски генијалци , според Американскиот биографски институт.

Куратор на изложбата е и Екатерина Намичева- Тодоровска. Поставката ќе биде достапна за посетителите во МГС подолго од предвидениот датум за затворање- 18 март, дополнува кураторот Јасминка Намичева.

Сотир Трајков